Професионални третмани при болки во грбот/дискус хернија


ПРОФЕСИОНАЛНО  ЛЕКУВАЊЕ

Пред да зборуваме за професионалното лекување , постои една важна точка на која би сакал да обратам внимание . Многу пациенти кои што користат професионални здравствени услуги очекуваат крајно решение за нивната повреда на ‘рбетот

Природата на ‘рбетниот проблем е таква што навистина трајно решение (што е нешто што се третира само еднаш и никогаш нема потреба да се грижите за проблемот повторно) едноставно во повеќето случаи не постои .

Иако хируршко отстранување на повредениот диск трајно ќе го спречи тој диск повторно да предизвикува симптоми , хируршкото отстранување на еден диск создава лузна на ткивото и го префрла механичкиот стрес на другите дискови, правејќи ги подложни на повреди. Всушност, едно од водечките статистички предвидувања дека на некој  ќе му треба хирургија на рбетот во иднина е дека тоа би биле само лугето кои што  имале направено ‘рбетна хирургија веќе.
Кога го третираме хроничниот проблем со ‘рбетот, многу е пореално да се размислува во смисла на “управување” со здравјето . Откако со третманот што се користи е постигнато максимално подобрување , многу е важно да продолжите да ја управувате или организирате вашата состојба со помош на авто-третман и мерки за спречување  на повредите кои што ги споменавме порано во текстот , и да продолжите со третманот што ви го препорачал вашиот лекар ..
Повеќето од вас што ја читаат оваа информација веќе поминале низ една или повеќе програми на професионален третман на  повредениот диск. Како што многу од вас открија, најчесто користените пристапи не обезбедуваат соодветни резултати, дури ни за краток  временски рок. Да ги погледнеме опциите кои што ни се на располагање.:
Лекови:

Без разлика дали зборуваме за лекови кои што се добиени на рецепт или не , постојат голем број на продукти кои што се достапни  и можат да обезбедат краткорочен симптом на олеснување на болката во ‘рбетот. За жал, лековите се ретко прифатливо долгорочно решение, бидејќи имаат несакани ефекти (иритирачки но во некои случаеви и опасни по  животот) и на тоа што телото се навикнува на лековите. Всушност, истражувањата покажуваат  дека секојдневната долгорочна употреба на лековите против болка може да ја зголеми болката со време како резултат на хипер-сензитивноста на нервниот систем , што ја предизвикале лековите.
НСАИЛ (нестероидни анти-инфламаторни лекови)  NSAIDS (Non- Steroidal Anti – Inflammatory Drugs )

 Како што се  аспирин, ибупрофен, па дури и на поновите COX-2 инхибитори .

НСАИЛ како Celebrex имаат дополнителен проблем што тие го инхибираат способноста на телото да произведе рскавица и
всушност може да ја забрза дегенерацијата кога се користи континуирано со текот на времето. Покрај тоа, некои лекови, како што се наркотичните лекови против болка и мускулни релаксанти, не може да бидат погодни за некои пациенти кои мора да се ментално концентрирани и активни за безбедно да ги извршуваат нивните дневни активности. Иако лековите може да биде многу корисни кога зборуваме за неколку дневно лекување , во моментите на сериозни симптоми тие не се ефикасно средство за справување со проблемите на дискот  во подолг рок.

Епидурална стероидна инекција (ESIs):

Исто така наречена “кортизон инекција”, бидејќи кортизонот е најстариот и најчесто користен стероид , ESIs може да бидат доста ефикасна во привремено намалување на воспалението и со што се намалуваат симптоми поврзани со испапчување и дегенерација на дискот. Стероидната инјекција првенствено е ефикасна во случај на поблаго испапчување на дискот затоа што во овие ситуации, воспалението е еден од примарните извори на компресија на нервите.

Во потешките случаеви, има повеќе директна компресија на нервните од самиот диск, па намалувањето на воспалението не може да има многу ефект врз симптомите, и може всушност привремено да ги зголеми симптомите бидејќи течноста од инекцијата ќе го зголеми притисокот околу нервот се додека телото не го апсорбира.
Во секој случај, со  ESIs не се лекува ништо, оваа инекција  едноставно го намалува притисок врз нервите поради воспалението, а понекогаш привремено донесува симптом на олеснување.
Симптомите на олеснување од ESIs може да траат од неколку дена до неколку месеци, во зависност од случајот.
За жал, бидејќи инјекциите не прават ништо за да го лекуваат дискот (и  всушност, понатаму додатно го ослабнуваат дискот), симптомот на олеснување што тие го носат може да им даде на луѓето лажно чувство на безбедност. Недостатокот на болка води кон тоа некои луѓе да бидат помалку внимателни со својот врат или грб , а тоа може да ги одведи кон патот на понатамошна повреда и оштетување.

Како што споменавме , кортизоните и другите стероиди имаат пропратен ефект што тие значително се мешаат со телото и со механизмите за нормално исцелување и всушност можат да ги ослабат коските и меките ткива во областа околу местото на инјектирање.
Ова е причината зошто лекарите обично го ограничуваат пациентот до максимум на три стероидни инјекции годишно. Тие не само што го ослабуваат ткивото, исто така, го ослабнуваат имунолошкиот систем на телото , со што тоа станува повеќе подложно на инфекции. За крај, иако често се промовирани како средство за избегнување на хирургија, една неодамнешна студија извршена на над 200 пациенти објавена во септември-октомври, 2004 издание на ‘Spine Journal објави дека повеќе од 2-ца  од 3-ца луѓе првично третирани со стероидни инјекции завршиле со дополнителни инвазивни процедури, односно хирургија, во рок од две години. Како што можете да видите , иако тие понекогаш се корисни во ублажување симптоми привремено, стероидните инјекции не се идеални, и не се многу ефикасно средство за лекување на проблемите со дискот за поголемиот дел од луѓето. Пред да се решите да ги примате научете повеќе за контраиндикациите налекарството.

Физикална терапија-Физиотерапија-Кинезитерапија

Физикалната терапија опфаќа широк спектар на третмани и може да  вклучуваат сè, од масажа до електричната мускулна стимулација, ултразвук, влечење, мануелна терапија  и  вежби. Физикална терапија може да се подели во два главни вида на третман: пасивни терапии и активни терапии.

Пасивните терапии вклучуваат било каков третман кој се прави врз пациентот. Електрични мускулна стимулација, масажа, специјализирана мануелна терапија ултразвук, мраз и топлина се меѓу најчесто користените пасивни терапии за хронични болка во кичмата , како на пример во случај на хернија на диск и дегенерација.

Некои терапии како мраз и некои видови на електрична стимулација се наменети првенствено за да се намали воспалението,и овие се обично се користат кога постои акутна тешка болка. Масажа, ултразвук и топлина се користи со намера за подобрување на циркулацијата и намалување на грчевите и стегањето на мускулите, и овие се користат повеќе во случаите каде што има вкочанетост, болка и намален опсег на движење. Масажата може да биде доста корисна за ублажување на болката во мускулите настаната како резултат на нервната иритација поврзана со дискот . Ако имате ишијас и одите на терапија со масажа, не заборавајте да му кажете на терапевтот за ишијасот, за тој или таа да знае да биди претпазлив во таа област. Пасивните терапии може да бидат доста корисни  за намалување на симптомите на болка, но ретко се долгорочно решение за приблемите со дискот . Мануелните техники се едни од најуспешните третмани за болки во рбетот и периферните зглобови и даваат најдобар долготраен ефект за пациентот. Мануелната терапија претставува комплекс од специјални техники и можите да ги добиете само од терапевти(физиотерапевти,кинезитерапевти, мануелни терапевти) кои го надоградиле своето знаење во оваа област.

Сега, ајде да смениме брзина и да разговараме за активни терапии. Активни терапии се работите кои ги прави  пациентот, имено
различни типови на вежби. Повеќето вежби за проблеми поврзани со дискот  треба да се прават откако ќе ги снема главните симптоми и не постои активно воспаление. За жал, од различни причини некои здравствените работници може да  вклучат активна терапија прерано, и ова може да резултира со влошување на ситуацијата на пациентот поради тоа што бил принуден да врши вежби пред телото е доволно здраво.
Кога третманот е приклучен во соодветно време, вежбата може да биде многу важна средство што ќе му помогне на пациентот да се опорави. Различни типови на вежби може да се користат. Некои терапевти имаат специјални машини на кои пациентите вежбаат,многу од кои имаат компјутеризирано следење и повратни системи да се прилагодат на тренингот на секој пациентот. Иако овие машини можат да бидат одлични и имаат многу предности во клинички услови, тие имаат  најмалку еден голем недостаток. Бидејќи , за да се задржат придобивките од овој програм – вежбањето мора да се практикува во текот на целиот живот, терапевските програми со овие скапи машини ги оставаат пациентите во непријатна ситуација кога тие ќе прекинат со третманот. Ако пациентот научил како да вежба само на специјални машини, тој има мала можност за одржување на придобивките на терапијта откако веќе нема да има пристап до тиа машини.
Поради ова, многу терапевти ја имаат признаено важноста од учење на пациентот на едноставни вежби што можат да се прават дома дури и без опрема. По моето мислење, оваа “ниско-технолошки” форма на вежбање најверојатно ќе му обезбеди на пациентот долгорочна корист. За понапредни програми за вежбање се препорачува да се работи со здравствен работник кој може да ја прилагоди програмата за потребите на поединецот и кој може да обезбеди основна опрема за да ја олесни вежбата кога пациентот е подготвен да ја спроведува самостојно дома .

Киропрактика

Киропрактички третман е често корисен во ублажување на симптомите на хернија и дегенерација на диск, а во некои случаи, всушност може да помогне во лечењето на дискот. Киропрактиката има два главни позитивни ефекти врз проблемите со дискот.  Прво, преку подобрување на функцијата на ‘рбетот, таа може да го намали абнормалниот механички стрес врз дисковите. Во некои случаи, ова го редуцира притисокот на оштетениот дел на дискот и со тоа го намалува изворот на нервоза и воспаление и ги подобрува шансите за излекување. Вториот корисен ефект на киропрактиката е тоа што произведува стимулација на посебни нервни завршетоци во `рбетот и околните ткива наречени механорецептори. Кога се стимулирани, овие нервни завршетоци испраќаат сигнали до мозокот кои ја блокираат перцепцијата на болката до различни степени. Покрај тоа, некои киропрактичари користат дополнителни типови на третман, вклучувајќи ги и пасивните и активните терапии , исто и може да обезбедуваат хранливи суплементи за да се намали воспалението и тензијата на мускулите. Одредени киропрактички техники се развиени специјално за третмани поврзани со проблеми. на дискот.

Нехируршкa декомпресија на ‘рбетот :

Овој релативно нов FDA-Одобрен третман за дискус хернија и дегенерација во долниот дел на грбот и вратот брзо станува многу популарен. Се користи од страна на киропрактичарите , физиотерапевти, остеопатските лекари и  лекари по медицина. ‘Рбетната декомпресија има предности што е безбедна,удобна за пациентот, не-инвазивна и крајноефективна (над 80% ефикасна во лумбалниот дел на ‘рбетот и 70% ефикасна во цервикалниот дел на ‘рбетот). Исто така, за разлика од повеќето третмани на дискот, ‘рбетниот декомпресија не само што ги намалува симптомите, но во многу случаи всушност ја намалува големината на дискус хернијата и ја подобрува хидратацијата и исхраната на дискот  и со тоа ја забавува и често делумно ја менува дегенерацијата на дискот. Овој третман се има покажано како ефективен и во многу случаеви каде што операцијата била изведена и не успеала да обезбеди резултати.

Постојат неколку недостатоци и ограничувања поврзани со ‘рбетната декомпресија. Прво, бидејќи тоа е  ново лекување,
постои ограничена достапност на истото. Второ, тоа генерално не може да се користи во случаи кога метал е
вграден во ‘рбетот (во областа каде што е потребен третман) или во случаи кога постои тешка остеопороза или спинална
нестабилност.

Хирургија:

 Ја зачував операцијата за последна бидејќи, според мое мислење, хирургијата секогаш треба да биде последна опција при проблемите со дискот. Да нема забуна, дефинитивно постојат времиња, кога операцијата е најдобра опција, а понекогаш и единствената опција, но во многу случаи постојат опции на третман, кои се значително побезбедни и имаат многу поголема долгорочна стапка на успех од операцијата. Во некои случаеви, мислам дека луѓето избрзуваат со операцијата мислејќи дека тоа ќе го реши нивниот проблем со дискот еднаш засекогаш, и тие ќе можат да продолжат со своите животи не морајќи да се грижат за тој проблем повеќе. Ова едноставно не е реален поглед на операцијата. Иако операцијата може да придонесе до драстични намалувања на болката и на други симптоми, овие резултати не се секогаш трајни. Треба пациентот да се биди свесен дека операцијата на дискот не ги враќа работите во нормала, туку всушност создава промени во ‘рбетната биомеханика и / или стабилноста на дискот што ве прави подложни на нови повреди  на дисковите ако не преземете многу добра грижа за  вашиот ‘рбет до остатокот од вашиот живот.

Постојат различни хируршки техники кои се користат за проблемите со дискот, но сите тие имаат ризици кои се
многу повисоки од било која не-хируршки форма на третман. Реакции на анестезија, потенцијална инфекција, и “лизгање на
ножот ” ја прават  ‘рбетната хирургија ризична. Ако навистина ви е потребна операција, препорачаната постапка зависи од специфичната природа на вашиот проблем, како и параметрите кои што ќе ви ги даде хирургот со кој што ќе се консултирате.
Обично, ризиците на постапката се зголеми во зависност од комплексноста, и во зависност од тоа дали има употребата на општа анестезија (во кој случај вие сте во несвест) или локална анестезија (во кој случај вие сте будни). Локална анестезија во главно се користи во минимално инвазивен тип на операција.
Без оглед на постапката, секој операција на дискот потенцијално го изложува на ‘рбетот на инфекција, и освен ризикот од анестезија, инфекцијата претставува најголем ризик во ‘рбетната хирургија. ‘Рбетната инфекција е крајно сериозна и тешко се лекува. И покрај сите ризици, не постои гаранција дека операцијата ќе ви помогне на подолг рок, и исто така не е невообичаено за работите да се влошат после операцијата. Дури и во случаеви каде што операцијата краткорочно помогнала, најчесто постојат проблеми кои се јавуваат од самото ткиво на лузната во месеците и годините што следат. Со текот на времето, ткивото на лузната може да се создаде исто толку или повеќе компресија на нервите од  што создавал проблемот со дискот пред операцијата. Повеќето хирурзи се многу отворени со своите пациенти за ризиците и неизвесностите во добивањето на саканите резултати, но треба да бидете свесни дека некои хирурзи ќе им дадат на своите пациенти нереални очекувања кои што може да резултираат со големи разочарувања.Различните хируршки процедури имаат различни предности и слабости. Минимално инвазивните техники имаат предност на помал ризик од анестезијата и инфекцијата, и опоравувањето од нив е релативно лесно. Ова овозможува средување на издуениот материјал на дискот и / или на вишокот коска од близината на нервот, и овој метод може да доведе до добри резултати скоро веднаш, со многу малку време за опоравување на пациентот. Еден потенцијален недостаток на оваа постапка е дека ако дел од дискот е одсечен, исечената област, барем привремено, е во ослабена состојба. Бидејќи многу пациенти се чувствуваат подобро, тие можат да продолжат со активностите кои донесуваат многу на стрес на сега ослабениот диск, и ова може да резултира за повторна повреда. По инвазивните видови на хирургија обично бараат општа анестезија и исто така, имаат поголем ризик од инфекција поради поголемите резови. Во зависност од природата на проблемот и советите на хирургот, оштетениот пршлен може да биде делумно или целосно отстранет, и ‘рбетот може да се остави да се спои природно (коските кои биле раздвоени од страна на дискот сраснуваат заедно со текот на времето), или хирургот може да го изведи спојувањето користејќи коска  и / или некој тип на метал.

Иако постојат дефинитивно ситуации каде што овој тип на хирургија е потребен, кога еднаш ‘рбетот е сплотен, постојат само неколку други опции за третман на располагање, ако операцијата не е успешна. Поради оваа причина, се препорачува сите други опции за третман да бидат исцрпени пред прибегнување кон инвазивен вид на операција, освен во итни случаи во кои се заканува трајно невролошко оштетување.                                                  

Предупредувачките знаци кои укажуваат на алармантна состојба во која операцијата треба да се направи брзо за да се спречи постојано оштетување на нервите вклучувајќи и ненадејна појава на парализа се губење на контрола на дебелото црево и / или мочниот меур  и / или  појава на “седло анестезија” (губење на осетот во препоните, слабините и долниот дел на задникот).

 Освен во итни ситуации кои тукушто ги споменавме, јас ви препорачувам да добиете мислење на најмалку двајца доктори или уште подобро три или четири, пред да се одлучите да се направите операција.
Замена на диск:

Сакам да накратко да ја покријам оваа тема како посебно прашање кое е одвоено од хирургијата, бидејќи тоа е еден од најновите третмани за проблемите со дискот. Овој хируршки зафат вклучува отстранување на  оштетениот диск и заменува со вештачки диск. Првичните резултати за оваа постапка се поволни во споредба со другите хируршки методи но
сепак оваа операција ги сноси истите ризици како и другите оперативни зафати врз кичмата, и долгорочните резултати се уште се во голема мера непознати.
Еден од заедничките проблеми со другите типови на операции врз ‘рбетот веројатно се уште би бил проблемот со зараснувањето на ткивото на лузната. Бидејќи како што рековме ова ткиво создава неколку проблеми кај другите видови на операции на ‘рбетот, постои добра шанса и кај овој тип на операција на замена на дискот ( иако помодерен и понапреднат тип на операција при проблеми со дискот ), да не може да обезбеди долгорочни резултати на кои што повеќето пациенти се надеваат..

 Заклучок :

 Се надевам дека оваа информација ќе ви биде од корист. Ако страдате од проблеми со дискот, мојот најдобар совет е да имате надеж и да бидете трпеливи. За повеќето проблеми со дискот постои решение. Големи се шансите дека ќе се чувствувате добро повторно , само тоа може да потрае некое време. Значи, пробајте да мислите позитивно и целосно да го следите третманот за кој што сте се одлучиле.
Со среќа !

2 thoughts on “Професионални третмани при болки во грбот/дискус хернија

  1. Јас ги пробав сите опции и на крај завршив на операција и сега имам повеке маки бидејки не се ослободи дискот , имав инфекција неколку месеци и потоа да ми се направат сраслини како ги нарекувате вие . Сега имам повеке болки од порано и ми рекоа дека и да се оперорам повторно повторно ке се направат а за дискот нема шанси да се ослободи барем според нашите доктори во битола. Како јас да ги намалам болките и да продолжам со нормален живот ?

    • Почитувана Виолета,

      секогаш можи да се направи нешто повеќе, најважно е да имате позитивен став кон самиот проблем.
      Можи да дојдете на преглед и ќе разгледаме кои се можностите за подобрување на вашата состојба. Според мене подобрувањето е секогаш возможно.

Напишете коментар