Болки во грбот/Дискус хернија


Дефинирање на термините

Првиот чекор во разбирањето на проблемите со болки во ‘рбетот е да се дефинираат термините кои се често користени од лекарите за да се опише состојбата на пациентот. Лекарите често не се многу добри во објаснувањето на работите на нивните пациенти, а некои дури и не се ни обидуваат. Да почниме со објаснување на често користените термини кои ги слушате кај вашиот лекар или ги имате прочитано на медицинскиот извештај.

Диск

Дискот е меко ткиво кој лежи помеѓу прешлените на рбетот. Изграден е од два дела. Има надворешен прстен изграден од  ‘рскавични влакна слични на ткивото од кое е изградено увото. Надворешниот прстен е тврд  но еластичен и се нарекува анулус(Annulus). Вториот дел од дискот е внатрешното јадро кое  претставува супстанца во вид на гел  со конзистентност на паста за заби. Ова внатрешно тело се нарекува нуклеус пулпозус (Nucleus Pulposus) или  само јадро. Јадрото е тоа што му дава на дискот квалитет(својство) на абсорпција на стрес.Следнава илустрација ги прикажува локацијата и компонентите на ’ рбетните дискови во долниот дел на грбот.

Фигура1. Анатомија на лумбален рбет, страничен приказ на ‘рбетот и прешлените и поглед од горе на диск

Дискус хернија или испакнат диск.

Кога дискот се повреди и потпорниот ѕид е ослабен(АНУЛУС), притисокот од гелот во центарот(нуклеус) ќе предизвика иизпакнување на потпорниот ѕид нанадвор.

Термините хернија и испакнување се синоними, но многу лекари големите испакнувања ги нарекувааат ХЕРНИИ, а малите испакнувања-само  ИСПАКНУВАЊЕ. Друг  термин кој се користи да се опише издувањето е ПРОТРУЗИЈА на диск.

Слизнат диск

Иако често користен термин, дискот всуштност не се лизга, тој е цврсто поврзан со коските(прешлените) од горе и од долу. Ако настани вистинско слизнување , тогаш вие имате многу поголеми проблеми од  самиот диск. Слизнат диск во суштина е дискус хернија или издуен диск, кое веќе го дискутиравме.

Фигура 2. Дискус хернија/пред руптура(раскинување). Поглед од горе на диск и прешлен и приказ на дискус хернија и притискањето на рбетниот мозок и нерв.

Руптура на диск

Кога дискот е оштетен до степен на губење на  целоста на потпорниот ѕид(анулус)  се вели дека дискот е пукнат т.е  има руптура на дискот. Ова понекогаш се нарекува дисково истекување. Ова е потешка повреда од  дискова хернија или испакнат диск. Во случај на руптура на диск гелот од јадрото истекува надвор од дискот. Во некои случаи дел од гелот возможно е да се оддели комплетно од дискот. Ова се нарекува секвеструм/издвоен фрагмент.

Притиснат нерв

Притиснат нерв е уште еден често користен термин со кој не се опишува најточно што во суштина се случува. Многу луѓе си претставуваат како нервот е притиснат помеѓу две коски. Тоа е премногу редко нерв да се притисне помеѓу коски.

Во случај на испакнат диск или руптура на диск, материјалот  кој е надвор од дисковото пространство може да го притисни чуствителниот дел од нервот, таму каде што се одделува од ‘рбетниот мозок и да предизвика доволна компресија за да се создаде болка, трнење, слабост и други симптоми.

Докажано е дека делот од нервите каде што се разгрануваат од ‘рбетниот мозок  е многу чуствителен и само тежина на монета може да предизвика промени  во функцијата на нервот.

Во некои случаи врз нервот може да се изврши притисок од оток предизвикан од  инфламаторен процес при повреда на диск. Ако некогаш сте си го удриле прстот со чекан знаете колку притисок може да се создаде од отокот.

Дегенерација на диск

Освен испакнувања и руптури друг основен проблем што можи да се случи со дискот е дегенерацијата. Дегенерацијата претставува  постепено губење на течност од дискот во продолжение на подолг временски период како резултат на што дискот станува се потенок и потврд. Ова е долгорочниот ефект од повреда на диск, и може да биде со или без дискус хернија или испакнување. Дегенерацијата се карактеризира со губење на течност од дискот и некогаш се нарекува сушење на дискот.Како последица на дегенерацијата на дисковите се јавуваат други проблеми. Како што дисковите стануваат потенки фасетните зглобови на рбетниот столб се повеќе се компресираат и зглобните површини се тријат  помеѓу себе повеќе од нормално. Тоа може да предизвика оштетување на зглобовите и да се предизвика разраснување на дополнително коскено ткиво околу нив. Ова дополлнително разраснување на коскено ткиво предизвикува создавање на коскени шилци . Кога ова се случува околу рбетните зглобови тогаш станува збор за артроза на фасетните зглобови или почесто наречен дегенеративен артрит.

Дегенерација на диск

Фигура 3.Дегенерација на диск.  Споредба на рентген снимка на рбетен столб, нормален рбет(лево) и рбет со дегенериран диск(десно). Дискот не може да се види на рентген снимка, но можеме да го забележиме просторот помеѓу самите прешлени.

нормален дел од ‘рбет

дел од ‘рбет со дегенериран диск

Фигура 4. Споредба помеѓу нормален дел од рбет(горе) и дел од рбет со дегенериран диск(долу). Забележете ги формата и изгледот на дискот, прешлените  и нервите во нормалниот ‘рбет и дегенерираниот ‘рбет. Како што дискот продолжува да изумира, коските ќе сраснуваат една со друга и дополнително ќе се притискаат нервите.

Стеноза – Stenosis

 Стенозата едноставно се однесува на стеснување на отворот . Овој термин исто така се користи да ги опише промените во крвните садови како и промените во ‘рбетот . Во ‘рбетот има два главни видови на стеноза кои што опишуваат кои отвори се стеснети .

“‘ Рбетната стеноза “ – ( Spinal stenosis ) која е исто така наречена  “ Стеноза на централниот канал “ – ( central canal stenosis ) , се однесува на стеснувањето на отворот каде што поминува ‘рбетниот мозок низ еден дел од ‘рбетот .

“ Фораминалната стеноза “ – ( Foraminal stenosis ) исто така наречена     “ нервна стеноза “  – ( neuroforaminal stenosis ) се однесува на стеснувањето на отворите каде што нервите излегуваат од ‘ рбетот .

Стенозата може да биде предизвикана од страна на неколку различни работи . Една причина е испапчувањето или  раскинувањето на дискот каде што материјалот од дискот зазема дел од отворот ( како што е покажано на Слика 2 ) .  Стенозата исто така може да биде предизвикана од страна на дополнителни коски и / или формација на меко ткиво кое што се создава при дегенеративен артритис . Конечно иако ретко стенозата може да се случи од тумор или нешто друго што зазема простор во отворите на ‘рбетот .

Напишете коментар