Главоболки и мигренски главоболки


Вашиот живот ќе се промени со исчезнувањето на мигренската главоболка

 

 Почуствувајте  ја разликата и оставете ги мигренските главоболки зад себе

 Како резултат на моето досегашно испитување и искуство дојдов до заклучок дека заболувањата во вратот можат да бидат одговорни за широк спектар на состојби на мигренски главоболки..

Целта на овај текст е да ве снабди со информации кои што се поврзани со ваквите заболувања . Секој еден кој што ги има искусено мигренските главоболки се чувствува фрустрирано и незадоволно од лекарствата кои што ги добива и неговите обиди да најде трајно решение што ќе му донесе здравствено олеснување биле разочарувачки  и обесхрабрувачки . Затоа , нормално e ако имате чувство на скептицизам додека го читате ова .

Проблемот …

И покрај бројните вложувања кои што се посветени на испитувањето на синдромите на мигренските главоболки сепак за нас останува мистерија што е тоа што ги предизвикува .

Оваа ситуација води до тоа што на луѓето кои што страдаат од мигренскии главоболки им се даваат не една , не две , туку три , понекогаш и четири дијагнози.

Значи како што кажал еден од водечките светски имиња во оваа бранша Професор Peter Goatsby “ Давањето на дијагноза кај пациент со главоболки е предизвик …“  затоа што  “ главоболката чие што потекло лежи во заболувањето на вратот и мигрената често се изразуваат  на сличен начин“.

 

Затоа вашиот проблем се состои во тоа што и покрај бројните тестови и прегледи вие се уште немате добиено прецизен одговор . Често ви е речено дека ако одредено лекарство не делува ќе се замени со друго или едноставно ќе се зголеми дозата на лекот кој што се прима. Ова може да ви личи на експеримент и дека вие сте и самите осудени на доживотно земање на медикаменти .

Предизвикот е  исто така и во многуте години кои што би ги живееле во неизвесност , неспособни да ги планирате или да учествувате во важните друштвени случувања поради стравот од мигренски напад кој што може да се појави баш за време на овие настани ; да се одразува врз вашите меѓучовечки односи , или , врз вашата професија .

По мое скромно мислење , за да ја добиеме вистинската дијагноза и да направиме една демистификција на состојбата подобро е наместо да се фокусираме на она што не го знаеме , да размислиме и да се фокусираме на она што го знаеме за мигренските главоболки  :

Факт 1 .  Мигрената не ја предизвикуваат крвните садови

Факт 2 .  Тензичните главоболки не се предизвикани од напнатост на мускулите

Факт 3  .  Суштинското заболување на Мигрената лежи во преголемата чувствителност на продолжениот мозок.

Продолжениот мозок  ја филтрира информацијата која е на пат до мозокот ; поради преголемата чуствителност информацијата која што преминува преку него  е зголемена ; мозокот ја толкува оваа информација како закана , како нешто да е погрешно ( иако сепак не е ) , и реагира на тој начин што произведува ( главо) болка ) ;

Факт 4  .  Триптаните ( Zomig , Imigran , Zolmitriptan ) кои што се лекарства против мигрена ја прекинуваат мигрената ( и сега се употребуваат ефективно кај појава на менструални мигрени и кластер главоболки ) така што го влијаат на чувствителноста на продолжениот мозок ( и не ги стегаат крвните садови затоа што рековме дека причината не лежи во ширењето на крвните садови  ) ;

Факт 5  .  Иако постојат други надворешни фактори кои што доведуваат до преголема остеливост на продолжениот мозок  –  науката која што ја изучува анатомијата на нервите ни укажува на тоа дека неправилностите на вратот можат да ја зголемат чувствителноста на овој важен дел од телото , иако повеќето испитувања се фокусирани на други можни но до сега непотврдени причини ;

Факт 6  .  И покрај огромните средства кои што се посветени на испитувања за мигренозните главоболки на светско ниво , причината за преголемата чувствителност на продолжениот мозок  останува несватлива и нејасна ( затоа што во фокусот на испитувањата е мозокот! ) .

 

Иднината …

 Што ако постои начин со кој што може да се докажи дека неправилностите на вратот се извор на преголемата чувствителност и главна причина за појавување на мигренските главоболки .

Со помош на мојот метод на прегледување можам да утврдам дали вашиот врат е поврзан со вашите главоболки и прецизно да идентификувам кој од горните три кичмени сегменти е извор на главоболката . Овој начин на дијагностицирање е единствен во мануелната терапија.

Моето понатамошно испитување потврдува дека со ваквиот пристап се намалува преголемата осетливост на продолжениот мозок која е глевен предуслов за мигренскиот процес . за да го добиете истиот ефект без мануелна терапија потребно е да испиете јака доза на анти мигренски лекарства .

Третман …

 Ако се договориме да започнеме третман , значајно подобрување се очекува во рок од 5 третмани ( дури и ако сте имале главоболки во изминатите  15 – 30 години ). Кога го кажувам ова не велам дека сигурно ќе бидете излечени за тоа време , но за да се оправда понатамошниот третман подобрувањето треба да е очигледно .

Најдобар можен начин за да се створи промена на состојбата во овие неколку први третмани е ако тие се временски блиску еден до друг . На пример ако третманите се одвоени по една недела и повеќе тогаш се губи ефектот од третманот . Затоа третманите на почетокот не треба да бидат одвоени повеќе од три дена .

Меѓутоа , ако подобрување е забележано во првите 2 – 3 третмани , времето помеѓу закажаните средбите се зголемува .

Третманот вклучува техники на пасивни движења , кои што се применуваат на бавен, благ и долготраен начин –  еден “ убедлив “ тип на третман кој што има за цел да ги врати нормалните движења во деловите кои што се зафатени со неправилности и да се погрижи тие делови да  функционираат оптимално . Покрај тоа , за да се задржи здравата функција на ‘рбетниот сегмент , ќе биде потребен програм кој се состои од вежби ( само една или две ! )  и промена на држењето на телото .

Забележителен напредок се очекува во рок од четири до пет третмани и ако истиот изостане во тој период тогаш не е вероватно дека третманот ќе биде успешен .

Третманот  НЕ ВКЛУЧУВА  техника на манипулација (‘ крцкање ‘) .

 

Ако при прегледот не може да се најдат значајни неправилности во вратот , третманот не се препорачува.

Кои се шансите за успех  … ?

 Од клучно значење е откривањето  на нарушената функција на вратот. Постигнувањето на овој критичен чекор е основно за методот ; .за некои од вас ќе биде големо откритие , затоа што знам дека сте направиле безброј тестирања кои не покажале ништо!

Независните испитувања покажуваат дека  кај овие пациенти кои што го користеле овој метод се постигнува подобрување во преку     80 % .

Некои од нив потполно се ослободиле од главоболката , некои ја намалиле трајноста на истата ( наместо да им трае 2 до 3 дена , главоболката трае само 1 ден ) , додека кај некои пак наместо мигренската главоболка да се појавува 2 пати неделно , се појавува еднаш месечно .

Третманот ќе го откажам ако не сте спремни да се посветите на програмата која што ќе ја дизајнирам за вас . Не сакам да го трошам ниту вашето време ниту вашите пари ; исто така во случај да нема подобрувања и после 5 третмани  тогаш ќе дојде до исклучување на овој третман .

Што имате да изгубите ?  

( … освен вашата мигренска главоболка се разбира ! )

 Методот е лесен , со релативно ниска цена и не е инвазивен . Ако постои неправилност во вашиот врат што ја предизвикува мигренската главоболка , јас сум во можност да ја дијагностицирам веднаш после првиот третман !

Дури и ако сте имале претходни прегледи на вратот јас сум сигурен дека мојот преглед ќе биде поинаков од тие што сте ги имале порано …  и ако не можам да ја репродуцирам вашата вообичаена главоболка , третманот нема да ви го препорачам.

 

 

 

Напишете коментар