Болката е нормално преживување


Зошто ме боли?

 

 

Болката е нормално преживување

 

Болката е нормално, но е непријатно преживување што го чуствуваш во одговор на тоа што вашиот мозок верува дека е во застрашувачка ситуација и може да се предизвика актуелна или потенцијална повреда на ткива(Butler & Moseley, 2003).

Преживувањето на болка е тоа што те мотивира да забележиш дека има повреда на ткиво и да направиш нешто околу тоа. Кога случајно ќе стапните на остар предмет вашиот мозок ве алармира за повреденото ткиво и вие брзо ќе го преместите стапалото од предметот за да се предпазите од посериозна повреда. Мислете на вашата болка како на систем за алармирање; тој има способност да испраќа заплашувачки пораки до вашиот мозок тогаш кога вашиот мозок ќе разбери дека е во опасност. Вашиот мозок тогаш ја испраќа оваа заплашувачка порака и решава која е необходната акција што треба  вашето тело да ја исполни за да ве претпази од понатамошна повреда на ткивото(како што е преместување на стапалото од остариот предмет).Системот е  суштествен за вашето опстојување.

 

Болката е лош маркер за оштетувањето на ткивото

 

Само што спомнавме дека болката е поврзана со промени вo вашите ткива. Постуралните болки, болките од најавнат глужд или болка од издут диск, сите тие се резултат на различен степен на повреда на околните ткива. Вие би претпоставиле дека колку е поголем степенот на оштетување на ткивото толку е поголема и болката. Тогаш зошто малите секнувања на прст се толку болни?Зошто е со толку болки мигрената?

 

Тоа што сега можеме да го разбериме е дека големината на болката не секогаш е точен показател за степенот на оштетување на ткивото. При секнувањето на прст има мало оштетување на ткиво, но степенот на болка обично е многу висок, додека некои опасни по живот видови на рак можат да одат неоткриени со години се додека не се појават поврзани со нив симптоми. Ова го истакнува нашето разбирање дека болаката е многу покомплексен феномен отколку што очекуваме!

 

Напишете коментар