Вашата прва посета на физиотерапевт и дијагностицирање


Што да очекуваш!

Вашата прва посета на физиотерапевт и дијагностицирање

На вашата прва консултација Физиотерапевтот ке ви земе детална медицинска историја, вклучувајќи информации за вашиот начин на живот, како што се степенот на физичка активност, работна средина,исхраната, заедно со целосната релевантна медицинска историја. За да ви осигури правилна физиотерапевтска програма по вашиот проблем, Физиотерапевтот ќе се интересира што го предизвикува вашиот проблем. Како на пример дали проблемите во рамото се предизвикани од лезија на ротаторите од многуте часови секојдневно поминати на биро пред компутер или причината е друга, како на пример рефлексна болка од стегнат мускул на вратот.

Откако ќе ви се земе целостната историја  Физиотерапевтот ќе ве изследува како движите. Можно е да треба да се ослободите од дел од вашата облека и да исполните серии од едноставни движења. Физиотерапевтот ќе ја оцени вашата подвижност набљудувајќи обемот на движење, рбетниот столб, рамењата и мускулите со кои ги извршувате движењата. Прeгледот со функционалната диагностика ќе продолжи до половина час, по што следи третман со траење од триесет до четириесет минути.

Треба да се знае дека Физиотерапевтот е обучен да препознава кога физиотерапијата не може да помогне и кога да го упати пациентот на доктор. Физиотерапевтот нема да започне со третманот се додека целосно не ја разбере вашата состојба и што треба да биде направено за да ви помогне.

Напишете коментар