Шрот метод за сколиози ( Schroth method)


Schroth методата е конзервативна физикална терапија за лица со сколиоза. Mоже да се користи за лекување на пациенти со сколиоза од сите возрасти и во сите фази на третманот, пред операцијата, по операцијата , а особено , ако операцијата не е индицирана. Преку конкретни вежби и корективни техники на дишење , методот има за цел да го издолжи трупот и да го подобри нарушениот баланс на телото. Со развивањето на внатрешните мускули на градниот кош , методот го менува обликот на горниот дел на трупот  за да се корегира искривувањето на рбетниот столб. Резултатот е намалување на болка, забавување или запирање прогресија на кривина, и подобрување на кардио -пулмонална функција, мобилноста, како и постурална стабилност.

Системот на вежби за сколиоза е развиен во Германија во 1921 година од страна на Катарина Шрот , која што истражувала третмани за сопствената сколиоза. Од 1960 година, Schroth методата станала стандарден не-хируршки третман за сколиоза. Schroth терапијата во моментов се користи низ цела Европа и се има здобиено со многу голема репутација во САД.

Какви се вежбите ?

Вежбите се одредуваат во зависност од типот на сколиозата и големина, како и возраста на пациентот и нивото на функционалност. Тие се дизајнирани да се создаде свест за држење и порамнување преку правилно позиционирање и повторување. Пациентот се учи на одредени позиции што ќе му овозможат проширување на рамните  и вдлабнатите зони на градите и грбот. Заедно со постоењето на испакнати ребра , многу  пациенти со сколиоза имаат израмнети предно-задни кривини на рбетниот столб и испакната карлица како резултат на искривавањето. Ние ве охрабруваме да вежбате, тоа ќе ви ги подобри израмнетите кривини,ќе ви ја порамни карлицата и ќе ви ги намали испакнатите делови на трупот. Откако пациентот ќе се  запознае со неговиот тип на искривување и принципите на корекција , методот нуди многу позиции во кои ќе се применуваат сите концепти на ист начин, тоа ја прави програмата лесна за вежбање.Вежби може да се извршуваат додека се седи на топка , лежејќи со лицето надолу , лежејќи со лицето нагоре, или на страна, како и во различни позиции на стоење.

Што претставува третманот ?

Шрот терапевтот го насочува пациентот стимулирајѓи го со допир  да  може да добие чувство за тоа каде треба да вдиши во неговите колабирани зони, и каде треба да издолжи и да ги напни точните мускули за да се создаде активирање во насока на корекцијата.

Со визуелизација и чувство за деловите од тело кои се одговорни за дишењето, пациентот учи нов начин на дишење  и го порамнува собственото тело. Работејќи со огледала, пациентот добива нови визуелни информации и од него се бара да запамети како  порамнувањата и корекциите делуваат на него. Следејќи ги деталните инструкции од терапевтот, пациентот е во состојба да ја задржи правилната положба на телото и да ја практикува во различни позиции и во неговите секојдневни активности.

Што се случува откако пациентот ќе биде обучен да вежба по Шрот методот ?

После завршувањето на интензивниот тренинг со Шрот терапевт пациентот е подготвен да ги извршува вежбите во домашни услови. Се препорачува продолжување на терапијата за да се подобри изведувањето и знаењето на вежбите, и истите треба да се користат како средство за доживотно менаџирање на сколиозата. Со текот на времето пациентот постојано ја зголемува својата свесност за став и корекција.

Напишете коментар