Дефиниции за сколиза по Schroth


Сколиозата повеќе или помалку е фиксирана ‘рбетна аксиална девиација во зависност од  функционалниот и структурниот аспект на болеста.

‘Рбетното искривување е придружено од типични деформитети на трупот, странични искривувања во лицева и ротации во напречна рамнина во согласност со локацијата на искривувањата.

Искривениот ‘рбет ја намалува својата должина и предизвикува асиметрична телесна статика придружена од асиметрично натоварување на рбетот кои заедно со процесот на растење ја засилуваат прогресијата на сколиозата, телесната скица има негативно влијание и создава непријатна телесна слика. Сколиозата многу често се класира како козметична деформација затоа што не ги засегнува функциите се додека искривувањето не е доволно големо да го притисне белиот дроб и срцето и да ја засегне кардиоваскуларната функција.

Во сагиталната рамнина се забележуваат хипокифоза во торакалниот и хиполордоза во лумбалниот дел на рбетот и дополнителна хиперлордоза во лумбо-сакралното поврзување е возможно.

Со класификацијата идиопатска се означува дека е  не се познати причините т.е. етиологија за болеста. Во согласност SRS (Scoliosis Reasearch Society) треба да има Cobb агол повеќе од 10 степени. Најголем број од сколиозите се идиопатски сколиози (ИС) и се наоѓаат во 80% од случаите.

Другите 20% се сколиози со позната етиологија како вродерна, невропатска, невромускулна,…

Групата на идиопатската сколиоза се дели на 3 подгрупи во однос на првата детекција на знак за  сколиоза:

–          Детска идиопатска сколиоза (ДИС) возраст од 0-3 год.

–          Јувенилна идиопатска сколиоза (ЈИС) возраст од 4-9 год.

–          Адолесцентна идиопатска сколиоза (АИС) возраст >9

Нова група од идиопатската сколиоза помалку или повеќе е и  сколиозата при возрастни. Таа се појавува после скелетното оформување како “повторно прогресирање” на долго време стабилна сколиоза. Така наречената дегенеративна сколиоза започнува во периодот после менопауза придружена од болка во лумбален рбет, странична листезија, сегментална нестабилност или остеопороза.

Напишете коментар