Оценка на вашата состојба


 

Целиот  третман се базира врз темелно и постојано оценување, од кое ќе биде развиен специфичен план за лекување.

Изслушување на  вашата историја

Вашето искуство со нас ќе почне со овој значаен дел на оценувањето – Изслушување на  вашата историја од ваша перспектива. Тоа е многу важно за да го разбереме патешествието кое ве донесе низ нашата врата и кои се вашите цели, и очекувања од нас. Во текот на кажувањето на вашата историја ќе ви бидат поставувани специфични  прашања кои ќе ни помагаат да ги разбереме вашите основни поплаки  (симптоми значајни за вас од кои би сакале да се ослободите) и вашето мислење за вашиот проблем.

Понатaмошни специфични тестови

Во зависност од тоа што гледаме како ги извршувате вашите активности кои ви ги  предизвикуваат симптомите, ние последователно  ќе избереме специјални тестови со кои ќе ја процениме состојбата на  соодветните зглобови, мускули, фасции, нерви или органи и сл., за да утврдиме каде се точно проблемите кои допринесуваат за целокупната ваша историја.

Целта ни е да ве зајакнеме вас со знаење и да ве  мотивираме  за да можете да ги направите  промените кои се неопходни за подобро здравје. Знаењето и свесноста за она што се случува е половина битка во промената на работите.

Напишете коментар